Фото: РСЕ / принтскрин

Паметните телефони одат во историјата – нова играчка доаѓа да ги замени

Директорот на Мета предвидува дека веќе во 30-тите години ќе користиме паметни очила повеќе од мобилни телефони. Марк Закерберг, директор на Мета, тврди дека мобилните телефони ќе бидат заменети.

– Ќе биде како што се случи со компјутерите – рече тој.

Не поминаа ни дваесет години откако паметните телефони станаа секојдневна работа, но и зависност. Сепак, извршниот директор на Мета, Марк Закберг, предвидува дека луѓето наскоро ќе ги заменат со нова „играчка“ што ќе ја преземе нивната улога.

– Тоа ќе се случи веќе во текот на триесеттите години од овој век. Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон ќе ви остане во џебот поголемиот дел од времето – рече тој пред нешто повеќе од еден месец во интервју за порталот „Verge“- пренесе Каматица.

Според него, новото технолошко чудо за масите ќе бидат таканаречените паметни очила. Мета (која не е единствената) развива паметни очила кои ќе можат да фотографираат, снимаат, пуштаат музика и видеа, да примаат и отвораат е-пошта и пораки, да преведуваат во реално време она што го гледаме, да прикажуваат рути и насоки до посакуваните локации во видното поле на корисникот, да прикажуваат зголемена и виртуелна реалност, да даваат информации за објектите што ги набљудуваме, да мерат пулс, крвен притисок… и, секако, ќе бидат поврзани со вештачка интелигенција, што дополнително ќе ги прошири можностите за нивна примена.

Ако мислите дека за сето ова ќе биде потребен вселенски шлем или гломазни очила за виртуелна реалност, се лажете. Според најавите на Закерберг, ова ќе бидат навидум сосема обични очила, слични на очила за сонце.

– Истото ќе се случи и со компјутерите – вели Закерберг. – Сите ги имаме дома, но најчесто користиме мобилни телефони. Истото, предвидува тој, би можело да се случи и со паметните телефони во наредните години.

И зошто луѓето би преминале на нов производ толку брзо?

– Дури и сега, од 1 до 2 милијарди луѓе носат очила секој ден. Исто како што сите се префрлија од компјутери на паметни телефони, мислам дека секој што носи очила брзо ќе се префрли на паметни очила во следната деценија“, рече Закерберг во едно интервју.

– Мислам дека очилата ќе станат навистина корисни и на крајот многу луѓе што не користат очила ќе ги носат.

Мета ги нарече новите паметни очила „орион“. Прототипите веќе почнаа да се тестираат, а во септември очилата ѝ беа претставени на јавноста. Сепак, компанијата сè уште не објави датум за комерцијална употреба. Според медиумите што ја следат најновата технологија, најголемите пречки се високата цена на производство (а со тоа и недостапната цена за потрошувачите) и проблемите со снабдувањето со електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот