Паеља, „иконата на медитеранската исхрана“, доби заштитен статус

паеља
Фото: Profimedia

Додека машкиот свет нетрпеливо чека да го види Валентино Роси како го вози „почесниот круг“ во Валенсија, женскиот свет може да се обиде да го надополни ова доживување приготвувајќи го традиционалниот неделен ручек во Валенсија. Но внимателно, за да се долови вистинскиот рецепт, бидејќи Валенсија го прогласи обожаваното јадење за предмет од културно наследство.

Едно од најпознатите, сакани и често “злоупотребувани“ јадења во Шпанија доби заштитен културен статус врз основа на тоа што автентичната паеља ја слави „уметноста на единството и споделувањето“.

Деновиве – Валенсија регионот од каде што потекнува паељата – го прогласи ова јадење за предмет од културно значење, славејќи ја неговата историја и доблести во соопштение подготвено на осум страници во регионалниот службен весник.

„Паеља е икона на медитеранската исхрана, и поради нејзините состојки и поради нејзините карактеристики како претставување на културата на Валенсија“, се вели во декларацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOAN DE JOANS (@joandejo)

Мирисното мешање на протеини, зеленчук и јаглехидрати, се додава, „ја прави паељата едно од најбалансираните јадења во гастрономијата“.

„Сите состојки што се користат во таа подготовка – како што се морските плодови, месото, зеленчукот, со право познатото и здраво маслиново масло и целосното зрно на оризот – се дел од медитеранската исхрана“.

Регионалната влада изјави дека новиот статус ќе помогне во промовирањето на проучувањето и истражувањето на јадењето и ќе го заштити „опстанокот на овој културен елемент и ќе обезбеди тој да се пренесе на идните генерации“.

И покрај светиот статус во кујната во Валенсија, паељата честопати станува жртва на контроверзни пресврти – па дури и на механизација. Пред пет години, Џејми Оливер преплаши многумина на полуостровот со тоа што сугерираше дека „chorizo“ (суџук) ​​заслужува место во садот, додека претходно оваа година, шпански индустриски инженер откри робот производител на паеља.

Декларацијата, во која се истакнува дека паељата треба да се заштити од „изобличувањата што би можеле да произлезат од масовниот туризам“, вклучува и низа корисни “што треба и што не треба“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tasty ’n Freshy (@tastynfreshy)

Изворите на топлина се важни: иако дрвото од портокал изобилува во Валенсија и „му дава на садот посебен карактер и арома“, главната работа е да се осигурате дека огнот не е премногу зачаден или, ако готвите на внатрешен шпорет, да ја проверите дали топлината на ринглата е рамномерна.

Можеби најважното правило од сè е никогаш да не го мешате оризот додека се готви. Секое навлегување на шпатула ќе ослободи премногу скроб од оризот и ќе ве остави со леплива паеља.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paellas&Co (@paellascompany)

Владата истакна дека јадењето е „симбол на неделниот семеен ручек… и претставува чувство на идентитет и континуитет што треба да ги заштитиме, одржуваме и пренесеме“.

Сепак, признава дека времињата се смениле кога станува збор за приборот за јадење: „Традицијата наложува дека паељата треба да се јаде со лажица (порано биле дрвени и индивидуални), иако денес е вистина дека тој обичај отпадна и секој ресторан може сам да го избере приборот“.

Исто така, потсети како јадењето се развивало во текот на неколку векови откако Арапите донеле ориз во Шпанија и трговијата со шафран почнала да цвета.

Првата референца за паеља – или „валенсиски ориз“ – се наоѓа во ракопис со рецепт од 18 век, кој објаснува како треба да се подготви и забележува дека оризот треба да заврши зготвен сув.

 

Рецепт за автентичната паеља како од Валенсија

Пилешко, паеља ориз, шафран, слатка пиперка, рузмарин, полжави или морски плодови се едни од најважните состојки. Постојат разни верзии на ова познато шпанско јадење, ова е една од нив :

Потребни состојки:

1 голем кромид

2 домати

1 пилешко

450 грама лигњи

6 лажици пилешка супа

Шафран

1 килограм школки

1 црвена пиперка

500 грама грашок

600 грама ориз

По потреба, маслиново масло и сол, школки

Подготовка:

  1. Исецкајте ги на коски погодни да полесна консумација пилешкото месо
  2. Исчистете ги лигњите и исецкајте ги на мали парчиња
  3. Исецкајте ги пиперката, кромидот и доматите.
  4. Тавата за паеља намачкајте ја со маслиново масло, па потоа ставете ги кромидот и доматите. Кога кромидот ќе се зацрвени додадете го пилешко и лигњите. Мешајте постојано.
  5. Додадете го оризот и мешајте три минути. Внимателно се става пилешката супа со шафран и се остава водата да изврие.
  6. На врвот по потреба можете да ставите школки и пиперката.
  7. Оставете сето тоа да се готви, а по потреба можете да додадете уште пилешка супа. Кога оризот ќе биде добро зготвен додадете го грашакот.
  8. Кога сето тоа добро ќе се зготви, тргнете го од оган и покријте го со алуминиумска фолија и крпа. Оставете да одстои на страна околу 10 минути пред да послужите.
  9. Исецкајте парчиња лимон и ставете ги убаво од страна како декорација, но и како надополнување на вкусот.
паеља
Фото: Profimedia

 

Видео на денот