„Падот на РТС би бил еквивалент на државен удар“, рече Братина
Новиот српски министер за информации Борис Братина во својата велигденска честитка ги повика надлежните органи да ја деблокираат РТС и да ја доведат до „регуларна состојба“. Тој наведе дека „падот на РТС би значел државен удар“.
Препорачано
-Ова, условно кажано ослободување на РТС во дадениот момент секако би допринело да се намалат тензиите во нашето општество во целост, што повторно би допринело да се тежнее кон стабилност на државата и на општествениот дијалог бидејќи тој дијалог е најдобриот пат кон мирот во нашето општество. Односно, оној мир кој го евоцира најрадосниот ден во христијанството, напиша Братина во својата Велигденска честитка.
Тој повика „на целиот српски јавен сервис, особено на неговите новинари итно да им се овозможат редовни услови за работа“ затоа што РТС претставува темелна институција за информирање на цела Србија.
-Падот на РТС под притисок на блокадата би имал значење на државен удар, односно пад на државниот поредок. Другата смисла на одблокирањето на работата на РТС се човековите права, правото на работа, правото на информирање а нивното доведување под знак прашалник претставува враќање на Србија во пред-демократска состојба, напиша Братина.


