Пад на цените на индустриските производи на месечно ниво

Продажните цени на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво и повисоки за 0,2  отсто на годишно ниво, објави Државиот завод за статистика.

Според објавените податоци во мај 2020, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.

Во мај 2020, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 0,1 отсто, трајни производи за широка потроошувачка за 3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот