Пацоли предал илјадници докази за српската геноцидна политика против Косово

Фото: Фејсбук

осовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи во заминување, Беџет Пацоли вечерва соопшти дека на косовски обвинител му предал „илјадници документи”, кои, според него, ја докажуваат „српската геноцидна политика против Косово и масовните убиства извршени од југословенскии војници министерство за внатрешни работи и парламентарци под контрола на Белград”.

Тоа Пацоли го соопшти преку Твитер, со оценка дека осомничените за тие злосторства слободно шетаат по Белград.

Во друга објава пацоли напиша дека „истото тоа МВР и истиот тој Белград фалсификувале документи” кои ги користел поранешниот известител на Советот на Европа, Дик Марти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот