Апарат за вода - Фото: pexels-rdne

Овој предмет во канцеларијата е вистинско легло на бактерии: Избегнувајте да го користите

Апаратот за вода се наоѓа во речиси секоја канцеларија, но неговата употреба може да има негативно влијание врз здравјето.

Сеопфатен преглед на повеќе научни истражувања покажал дека водата од диспанзерите често содржи поголемо ниво на бактериска контаминација отколку водата од чешма. Студијата, објавена во стручниот магазин „AIMS Microbiology“, анализирала податоци за загаденоста на ваквите апарати на повеќе континенти во текот на неколку децении.

Во повеќе истражувања било утврдено дека дури 70 до 80 проценти од апаратите за вода во Америка ги надминуваат дозволените безбедносни граници на бактериска присутност.

Бактерии како Pseudomonas aeruginosa можат да претставуваат сериозен ризик за луѓето со ослабен имунолошки систем и да предизвикаат воспаление на белите дробови, инфекции на крвта и компликации на уринарниот тракт.

Колоформните бактерии, кои најчесто се пронаоѓаат во примероците од диспанзери, можат да укажуваат и на можна фекална контаминација на водата.

Особено проблематични се млазниците од кои се точи водата, бидејќи истражувањата покажале дека тие се и до 100 пати повеќе загадени и претставуваат зголемен ризик од пренос на инфекции.

Главна причина за ова се таканаречените биофилмови – заедници на бактерии кои се лепат за внатрешните цевки, филтрите и славините, заштитени со лизгав слој. Кога апаратите не се користат подолго време, како преку ноќ или за време на викенд, застојаната вода создава идеални услови за нивно размножување.

Дополнителен проблем е тоа што диспанзерите не содржат хлор, кој во градските водоводни системи го забавува растот на бактериите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот