Овој цвет морате да го имате во својата градина ова лето: Нема личност на која не и се допаѓа цвеќето Ноќно небо! (ФОТО)

профимедиа

Цвеќето кое освојува со својата убавина, совршено го краси секој двор или градина…

Најпопуларната билка за одгледување на балконите и во дворовите е петунијата. Овој цвет е многу лесен за одржување, добро поднесува топлина и цвета цело лето.

Досега веќе сме виделе петунии со виолетова боја, но овој вид е познат како Ноќно небо и едноставно е фантастичен.

Петуниите се едногодишни билки кои цветаат до првиот мраз. Петунијата наречена Ноќно небо обично цвета од првите жешки денови и трае до доцната есен.

Потребно е петунијата да ја засадите на место кое има најмалку 6 часа директна сончева светлина. Во спротивно може да се случи вашите петунии слабо да цветаат.

Петунијата добро поднесува суша. Сака да се залева, но земјиштето мора да биде добро дренирано, односно пропустливо. Полевајте ги секој ден во текот на летните денови.

Бидејќи им е потребна поголема енергија за да цветаат секојдневно, водете сметка да ги прихранувате со течно ѓубриво.

Редовно отстранувајте ги прецветаните цветови со цел петуниите да можат да се обновуваат и цветаат, но и убаво да изгледаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот