Овој член од кралското семејство стои зад одговорот упатен кон принцот Хари и Меган Маркл

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE

По експлозивното интервју принцот Хари и Меган Маркл долго ја чекаа реакцијата од Бакингамската палата.

Меган и Хари изнесоа низа обвинувања, вклучувајќи го и тоа дека во дворецот се расправало за тоа колку темна ќе биде бојата на кожата на нивниот син Арчи кога ќе се роди, а долгоочекуваниот одговор од палатата дојде по 56 часа.

Иако зад пораките дека „сеќавањата можат да варираат“ и дека „семејството сериозно го сфатило проблемот“ при што проблемот ќе го „реши приватно“ службено стои кралицата, експертите за кралското семејство веруваат дека зад тие одговори стои принцот Чарлс, таткото на принцот Хари.

„Мислам дека Чарлс одлучил како ќе одговори палатата. Кралицата има 94 години, а принцот Филип беше здравствено онеспособен, па токму затоа Чарлс преземал иницијатива да се позанимава со овој проблем. Кралското семејство функционира како тим и доколку некој ги нападне, тие реагираат обединето, како семејство“, изјави експертот за кралското семејство Роберт Џобсон.

Џобсон оваа порака ја опиша како „достоинствена“.

Instagram
Instagram

Изворот од Бакингамската палата објасни зошто семејството толку чекало за да го објави официјалниот одговор.

„Во центарот на се е семејството и тие мораа да земат малку време со цел како семејство меѓусебно да разговараат за проблемите кои се споменаа. Беше важно внимателно да ја разгледаат ситуацијата пред објавата на одговорот“, тврди изворот.

Според пишувањето на Дејли Мејл, кралицата пред потпишувањето на службената изјава разговарала со синот Чарлс и со внукот Вилијам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот