18.8 C
Скопје

Оваа пролет внесете боја во вашиот дом: Запознајте ја азалеата – кралица на пролетниот декор, со која домот ќе ви процвета! (ФОТО)

Овој прекрасен цвет ќе донесе спокојство и боја во вашиот дом… Азалеата е прекрасно растение кое ќе се вклопи во секој дом.

Меѓу прекрасните пролетни глетки е секако и расцветаната азалеа. Цветовите на ова растение доаѓаат во неколку бои, затоа за вашиот дом, можете да ја изберете онаа што најдобро одговара на вашиот екстериер или ентериер, бидејќи покрај тоа што се одгледува во градините, азалеата може да биде и домашно растение.

Азалеа е прекрасно растение со потекло од Азија кое ќе донесе боја и радост во секој дом, а за да се случи тоа, важно е да знаете неколку трикови.

Фото: Инстаграм

Првиот чекор во одгледувањето на азалеа како растениe во затворен простор е избор на вистинска грмушка или вид наменет за во затворен простор. Купете растение кое има отворено само неколку пупки. На тој начин ќе можете подолго да уживате во првиот цут.

Во својата природна средина, азалеата живее под високи дрвја. Просперира на ладни места, надвор од директна сончева светлина. И како домашно растение, најдобро напредува на постудени температури, кои се движат од 16 до 18 Целзиусови степени. Овие постудени температури исто така помагаат цветањето да трае подолго.

Фото: Инстаграм

Азалеите се погодни и за добро осветлено место, но без директна сончева светлина. Што се однесува до влажноста, никогаш не треба да дозволите растението целосно да се исуши. Значи, почвата секогаш треба да биде влажна, но не премногу влажна. Не го дохранувајте растението додека не заврши цветањето.

Секој труд вложен во азалеата таа ќе го награди со прекрасни цветови кои можат да бидат во розева, бела, праска боја, лаванда боја, црвена … Азалеата има и темно зелени овални лисја. Со силна светлина и температури што и одговараат, азалеата ќе цвета три до четири недели.

Поврзани вести

Ова се симптомите на меланом, а на еден речиси никој не обрнува внимание!

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 22 јуни: Сфатете дека радоста е во малите нешта

Слободен Печат

Прием во лудница

Слободен печат

На денешен ден – 22 јуни

Слободен Печат

ВИДЕО | Познатиот југословенски киоск К67 беше поставен на Тајмс сквер во Њујорк: Но, дали светот знае за неговата културолошка историја?

Слободен Печат

Најмоќната деловна жена во светот: Шерил Сандберг прозборе за дескриминацијата на жените во пандемијата

Слободен Печат

Остави Коментар