Оваа година Мото ГП ќе се вози само во Европа

epa08566787 MotoGP riders are seen at the start of the race in Jerez-Angel Nieto circuit in Jerez de la Frontera, Spain, 26 July 2020, during the Motorcycling Grand Prix of Andalusia. EPA-EFE/ROMAN RIOS

Уште три трки испаднаа од календарот за оваа сезона.

Тоа што се очекуваше денеска го потврди сопственикот на Мото ГП, компанијата Дорна, тие објавија дека уште три трки отпаднаа од календарот за оваа година.

Станува збор за трките за Големата награда на Аргентина, Тајланд и Малезија и наместо „финалето“ во Мото ГП шампионатот ќе биде на европско тло. засега не е познато каде ќе се вози последната трка.

Сезоната во Мото ГП шампионатот продолжува на 9. август со трката во Брно за Големата награда на Чешка, а до крајот ќе се извозат уште 12 трки, не сметајќи ја таа што треба да биде последна и не е дефинирано на која патека ќе се одржи.

По две трки во оваа сезона, лидер во генералниот пласман изненадувачки е младиот Французин Фабио Квартараро кој победи на двете трки, а по него следат Маверик Вињалес и Андреа Довициозо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот