Фото /ratmaner / Alamy / Profimedia

Оваа форма на магнезиум ја намалува анксиозноста и го подобрува квалитетот на сонот

Магнезиумот може да помогне во намалување на анксиозноста, особено кај луѓе кои имаат негов недостаток, живеат под хроничен стрес или имаат лош квалитет на сонот. Истражувањата како ова покажуваат дека овој минерал ги поддржува клучните процеси во мозокот и нервниот систем, што може да се одрази во подобра емоционална стабилност, поквалитетен сон и намалена физичка напнатост со редовен внес.

Доволно ниво на магнезиум му помага на телото да се префрли од реакција на постојана борба или бегство во помирна, парасимпатична состојба, и тоа, како што објаснува д-р Џолин Брајтен, меѓународна призната експертка за хормони и научник во областа на нутриционизмот, преку неколку механизми:

– Ја зголемува активноста на ГАБА, главниот „смирувачки“ невротрансмитер во мозокот кој ги смирува брзите мисли.
– Ја регулира оската ХПA (хипоталамус – хипофиза – надбубрежна жлезда), со што може да се намали лачењето на хормоните на стрес, вклучувајќи го и кортизолот.
– Ги балансира невротрансмитерите како што е глутаматот, со што се намалува прекумерната стимулација на нервниот систем.
– Го подобрува квалитетот на сонот, што е тесно поврзано со интензитетот на анксиозноста и емоционалната отпорност.

Земањето магнезиум може да биде особено корисно за луѓе кои имаат анксиозност придружена со лош сон, напнатост во мускулите или чукање ба срцето, кои се под хроничен стрес, имаат ПМС, перименопауза или почувствителен нервен систем (на пример, АДХД). Исто така, се препорачува за оние што консумираат исхрана сиромашна со минерали или јадат многу преработена храна.

Кога промените се видливи

Некои луѓе, истакнува Брајтен, забележуваат мало подобрување во смиреноста и сонот по само една до две недели. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека поизразени ефекти на анксиозноста обично се појавуваат по четири до шест недели редовно земање, особено ако постоел недостаток на магнезиум.

Важна е и формата на магнезиум

Не сите форми на магнезиум се подеднакво делотворни за анксиозност.

– Добро апсорбираните форми, како што е магнезиум глицинат, често се препорачуваат за поддршка кај стресот и на сонот, бидејќи се благи за дигестивниот систем и содржат глицин, аминокиселина која сама по себе има смирувачки ефект – заклучува д-р Џолин Брајтен.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот