Ова се најсреќните денови во јануари 2022: Искористете ги за остварување на желбите

Фото: Профимедиа

Нека посебното време од првиот месец од годината ви биде насочено кон остварување на амбициите, соништата, бидејќи ова се извонредни можности за преземање чекори кои ќе ве одведат во вистинската насока.

Она што доаѓа со јануари 2022 година е сигурно многу позитивна енергија, па поради налетот на овие позитивни емоции ќе се чувствувате многу подобро и поенергично да правите работи кои целосно ќе ве поттикнат и ќе ве мотивираат да продолжите во правецот на остварување на вашите соништа.

Во првиот месец од 2022 година, искористете ги датумите кои се среќни за оние кои на тој ден ќе донесат правилни и промислени одлуки. Затоа, тргнете по патот кон исполнување на вашите желби.

1 јануари, каде се појавува магичната серија 1-1

1. 1. најважно е да направите само нешто весело на првиот ден од годината, она што ве исполнува и што мислите дека тој ден ќе ве исполни емотивно. Оваа комбинација на бројки симболизира среќа, па затоа е неопходно да се оттргнете од сите работи кои ве притискаат на 1 јануари.

2 јануари, балансирајте помеѓу љубовта и работата

На овој датум, планетите ќе бидат во единаесеттата куќа, каде што ќе останат до 25 јануари. Овие денови се поволни за купување, комуникација, но и за создавање нови пријателства и деловни зделки. Во текот на овие денови балансирајте помеѓу љубовта и работата, бидејќи тоа сигурно најмногу ќе ве задоволи и ќе ви годи.

3 и 4 јануари се поврзуваат со метеорскиот дожд на Квадрантидот

Овие датуми ќе бидат датуми кои ќе бидат поволни за започнување на некои нови проекти или за впуштање во нови предизвици во работата и со цел за понатамошен напредок.

18 јануари е датумот кој го означува крајот на ретроградното движење на Уран

На овој ден сите ќе можете да се ослободите од негативните емоции кои се насобрале во вас. Така ќе се ослободите од стравовите и несигурноста и ќе бидете подготвени да ѝ се посветите на иднината.

24 јануари е денот кога Марс преминува во знакот Јарец

Она што го носи оваа позиција на планетата е стабилизација на финансиски план, а многумина од вас ќе можат многу полесно да излезат од зоната на удобност и да се осмелат на тоа. Стабилноста во поглед на финансиите само ќе ви донесе многу повеќе храброст.

29 јануари – крај на ретроградното движење на Венера

Кога оваа планета ќе почне директно да се движи, тоа ќе донесе многу придобивки и благосостојба. Сè ќе биде исполнето со романтична енергија и сето тоа ќе има огромно позитивно влијание врз вас и тоа не само на овој датум туку и во текот на целата година.

30 јануари е датумот кога Месечината ќе биде во фаза на опаѓање во Јарецот

Оваа положба на Месечината, чија оддалеченост од нас ќе биде сведена на минимум, ќе донесе многу деловна енергија. Ќе бидете многу продуктивни и ќе се охрабрите да се посветите на остварување на големите соништа, планови и амбиции.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот