Племе Коги - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Ова племе 500 години живеело во целосна изолација: Коги имаат посебна порака за „помладите браќа“

Племето Коги привлече туристи, антрополози и духовни трагачи од сите видови, кои се впуштија во патување со надеж дека ќе запознаат „нетакната“ домородна култура и ќе ја впијат нејзината мудрост  или барем ќе направат добри фотографии.

Сиера Невада де Санта Марта, на северот на Колумбија, е највисокиот крајбрежен планински масив во светот, со врвови кои достигнуваат височина од 5.730 метри. Токму таму, меѓу планинските врвови, засолниште пронашло племето Коги, кое повеќе од 500 години живеело во целосна изолација.

На почетокот на деведесеттите години од минатиот век, племето постепено почнало да излегува во надворешниот свет. Не ги привлекле модерната технологија ниту преработената храна. Наместо тоа, тие ја прекинале изолацијата за да ги предупредат луѓето за злото што го прават со уништувањето на природата, да ги заштитат своите домови, но и целиот свет.

За сè се виновни „Помладите браќа“

За племето Коги, нивните планини го претставуваат Срцето на светот – местото каде што започнал целиот живот. Себеси се сметаат за „Постари браќа“, кои го штитат Срцето на светот преку ритуали и молитви, со цел да се одржи еколошката и духовната рамнотежа на планетата.

Таа рамнотежа е загрозена од „Помладите браќа“, односно странците, како што Коги ги нарекуваат луѓето надвор од нивната заедница. Со оглед на штетата што ја предизвикала колонизацијата, овој назив за луѓето кои не се грижат за природата изгледа дури и преблаг. Уништувачите на природата, Коги ги доживуваат како деца кои не разбираат што навистина им прават на реките, шумите и планините.

Коги се потомци на домородната цивилизација Таирона, која била поразена од шпанските освојувачи. Оние кои преживеале, побегнале во планините. Коги, кои живееле најблиску до врвовите, целосно се одвоиле од остатокот од светот.

Во меѓувреме, „Помладите браќа“ немилосрдно ги сечеле автохтоните шуми и за производство на храна, но и за одгледување кокаин. Податоците покажуваат дека денес останале само 17 проценти од изворните шуми на Сиера Невада.

Заштитено Срце на светот

Срцето на светот, огромниот масив Сиера Невада де Санта Марта, се протега од подножјето што го допира Карипското Море, па сè до врвовите каде снегот се задржува преку целата година. Меѓу овие крајности постојат бројни екосистеми – од глечери и магливи планини, до жешка тропска џунгла.

Ова исклучително подрачје се одликува со една од најголемите биодиверзитети на планетата, а УНЕСКО го заштити како резерват на биосферата.

Тука живеат повеќе од 600 видови птици, меѓу кои 36 ендемски, како и 189 видови цицачи. Меѓународната унија за заштита на природата во 2013 година го прогласи Националниот парк Сиера Невада де Санта Марта за „најнезаменливо“ место во светот за загрозени видови.

Новостекнатата слава на Коги повторно привлекла туристи, антрополози и духовни трагачи, кои тргнале на пат со надеж дека ќе ја запознаат „недопрената“ домородна култура и ќе ја впијат нејзината мудрост или барем ќе направат впечатливи фотографии.

„Сакаме Помладиот брат да знае дека повеќе не може да доаѓа овде, дека не може да се врати. Овде поставуваме граница. Разберете, не сакаме да доаѓа и да нè вознемирува. Премногу нешта уништи“, изјавиле Когите во еден од документарците.

Откако Ереира првпат ги посетил Коги кон крајот на осумдесеттите години, племето примило само мал број надворешни лица: академици, лингвисти и еколози, чии мотиви ги сметале за искрени.

Официјална дозвола за посета издава организацијата „Gonawindua Tayrona“ (OGT), која функционира како претставничко тело на домородната власт.

Денес, „OGT“ главно е насочена кон управување со резерватот на Коги, заштита на природата, како и помош во производството и продажбата на кафе, од кое племето живее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот