ОВА НАВИСТИНА Е НАВРЕДЛИВО – Луѓето бесни на социјалните мрежи поради луксузот и алчноста на познатите за време на пандемијата (ФОТО)
Многу познати личности ширум светот испраќаат порака – седете дома и тоа е за секоја пофалба. Но, она што навистина и пречи на интернет заедницата е начинот на кој ги испраќаат тие пораки – од луксузните вили на повеќе катови, со луксузни лежалки, базени, па се до пространите градини и теретани.
Луѓето се бесни поради тоа што тие промовираат луксуз и за време на пандемија, односно револтирани се од нивната неверојатна алчност и рекламирањето на луксузот кој не може секој да си го дозволи…
Кортни Кардашијан јава коњ на својот приватен имот
Кајли Џенер испраќа фотки од својот луксузен дом кој вреди повеќе од една цела зграда во Скопје
Арнолд Шварценегер пуши пури во својот приватен топол базен
Мараја Кери вежба во својата луксузна приватна теретана
Staying home & staying active with #demgloves! #itslikethat #lambily pic.twitter.com/sV5Oy52JRk
— Mariah Carey (@MariahCarey) March 21, 2020
Слично е и со Елен Деџенерис…
Елен ја покажа и својата огромна градина
Џастин Бибер покажа како изгледа неговиот раскошен дом во кој ужива со сопругата
Џастин и неговата сопруга смислуват и кореографии
И Џенифер Лопез на некои им ги чепна нервите со фалењето дека синот ја служи додека таа ужива за време на пандемијата
Луѓето се револтирани бидејќи се промовира луксузот и нивниот комфор додека тие немаат можност за вакво нешто. Повеќето во коментарите наведоа дека сега не е моментот „за фалење и натпреварување“.