ОВА Е СОВРШЕН ДЕЛОВЕН СТАЈЛИНГ: Амал Клуни им одржа модна лекција на сите дами (ФОТО)

профимедиа

Амал Клуни, сопругата на Џорџ Клуни, беше фотографирана вчера на улиците во Њујорк и во таа прилика им покажа на сите како една успешна деловна жена треба да изгледа.

На чувството за добар стил никој не може да и одолее, а таа и овој пат беше на висина на задачата.

профимедиа

Таа за едно појавување во судница избра комбинација во која доминира зелената боја, која е многу популарна оваа есен. Освен бојата која е апсолутен хит, таа одбра и многу популарен крој на мантил.

профимедиа

Едноставна комбинација која зрачи со елеганција, токму ова е совршениот пример за деловниот стил. Доминацијата ја ублажила со крем маица. Класичните салонки, исто така во крем боја се избор со кој целосниот изглед нема грешка.

профимедиа

Таа својот изглед го надополни со кафени очила и совршено исфенирана коса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот