Џон Траволта / Фото: MSN/The Grosby Group / Grosby Group / Profimedia

„Ова е повеќе од Оскар“: Џон Траволта се расплака откако ја доби почесната „Златна палма“ на Канскиот фестивал

Американскиот актер Џон Траволта доби почесна „Златна палма“ на овогодинашниот Кански филмски фестивал, пред светската премиера на неговиот режисерски деби филм „Ноќен лет до Лос Анџелес“ (Propeller One-Way Night Coach).

Почесната награда му ја врачи директорот на фестивалот Тиери Фремо за време на церемонијата одржана во Кан.

– Не можам да верувам во ова. Ова е последното нешто што го очекував. Рековте дека ова ќе биде посебна вечер, но не мислев дека го мислевте ова. Ова е момент на понизност. Ова е повеќе од Оскар – рекол Траволта со солзи во очите.

Траволта, двократен кандидат за наградата „Оскар“, на фестивалот го претстави првиот игран филм каде што се обиде во улогата на режисер, кој е базиран на неговиот истоимен роман, кој го објави во 1997 година.

Познат по својата долгогодишна страст кон авијацијата и кариерата како пилот, Траволта ја истражува својата фасцинација со летањето и своите детски спомени од откривањето на светот на авијацијата во филмот.

Актерот стекна светска слава со своите улоги во филмовите „Грозница на саботната вечер“, „Брилијантин“, а во текот на својата кариера двапати беше номиниран за наградата на Американската филмска академија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот