ОВА Е НЕВЕРОЈАТНО: Спектакуларна поддршка за Фламенго! (ВИДЕО)

принтскрин:/You Tube/UniaoFlatt Oficial

Најнов пример се фановите на бразилскиот фудбалски клуб Фламенго чии играчи добиваат неверојатна поддршка.

На видеото погледнете како на еден спектакуларен начин навивачите го испраќаат автобусот со фудбалерите на патот кон „Маракана“ стадионот во Рио де Жанеиро.

Фудбалерите им возвратија со пласман во четвртфиналето на „Копа Либертадорес“, иако шансите не беа така добри после првиот натпревар од осминафиналето кога во Еквадор загубија со 2:0 од Емелек.

Се реваншираа со ист резултат, а во пенал серијата направија целосен пресврт каде што домаќините беа подобри со 4:2 и така се пласираа меѓу најдобрите осум во натпреварувањето.

За пласман во полуфиналето ќе имаме бразилска пресметка меѓу Фламенго и Интернасионал чиј двомеч ќе се игра во август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот