Ова е „Најслабата куќа“ во светот, ѕирнете во нејзината внатрешност (ФОТО)

„Најслабата куќа“ во светот која е позната и како „Пита куќа“ се наоѓа во предградието на Чикаго. Куќата е изградена во 2002 година а поради нејзиниот невообичаен изглед, таа за многу кратко време стана туристичка сензација, пред која луѓето редовно застануваат за да се фотографираат.

Позната по својот едноставен облик, куќата всушност настанала, додека сопственикот на земјиштето се обидувал да изгради дом на местото кое го поседувал а било долго и тесно. Откако била изградена, таа била продадена во 2007 година за 284 000 долари.

Сега оваа куќа повторно е на продажба со почетна цена од 260 000 долари. За полесно да се продаде, направени се и фотографии од нејзината внатрешност. На нив може да се види дека иако просторот е тесет, исклучително стилски е опремен до таа мера што би го задоволил вкусот на сите луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот