Ова е фер плеј: Намерно промаши празен гол откако виде повреден противник (ВИДЕО)

Фото: Архива

Иако во спортот е најважна победата, поважно е да се остане човек и да се покаже респект кон противникот.

Токму тоа го покаже еден футсал играч кој не сакаше да постигне гол бидејќи виде дека противникот се повреди.

За време на натпреварот од шпанската футсал лига помеѓу Сарагоса и Картагена, гостинскиот играч Франциско Солано Леон,можеше да постигне гол за својот тим, но примети дека противникот се повреди и ја исфрли топката во аут.

View this post on Instagram

Fair play! ??? @lnfs89

A post shared by 433 (@433) on

За ваквиот потег, Франциско доби аплауз од целата сала која беше исполнета само со домашни навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот