ОТВОРЕТЕ ОЧИ: 3 јасни знаци дека нешто не е во ред со вашиот месечен циклус

влошки

Два менструални циклуса може да се разликуваат еден од друг, но големите промени не смеете да ги занемарувате.

Според „Women’s Health“, голем број жени во светот барем еднаш имале нарушување во менструацијата кое било предизвикано од проблеми со репродуктивниот систем.

Затоа, треба да обрнете внимание на следниве три симптоми:

Пречесто менувате влошки и тампони

Ако ги менувате на помалку од еден ипол час или пак не можете да издржите цела ноќ со една ноќна влошка, тоа е знак дека имате обилно крварење над границите на нормалното.

Обрнете внимание и на згрутчената крв. Ако парчињата се поголеми од монета, тогаш морате да се јавите на лекар.

Трае подолго од една недела

Вообичаено, менструацијата трае помеѓу 3 и 5 дена, со отстапки од еден до два дена. Но, ако потрае повеќе од седум дена и ако за сето тоа време крварењето е обилно.

Исцрпени сте

Менструацијата сама по себе е изморувачка и напорна за жените и девојките, а тоа е уште поизразено ако се работи за обилни крварења. Следете ја ситуацијата, бидејќи ако губите многу крв, можно е да страдате од анемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот