Откриено потеклото на ракот на дојка и на јајчници: Мутацијата на ДНК потекнува од овој остров

Фото: Профимедиа

Генот за кој се знае дека го зголемува ризикот од рак на дојка и на јајчници е идентификуван кај луѓе со потекло од Оркниските острови во Шкотска, покажуваат резултатите од новата студија.

Новата научна студија сугерира дека еден од 100 луѓе со баба и дедо од тие острови има специфична мутација во генот BRCA1, објави „Би-би-си“.

Студијата исто така открила дека повеќето од нив имаат семејно потекло од островот Вестреј.

Се верува дека тоа е првпат географска врска со предците на овој вид да е направена во Велика Британија.

Истражувачите, исто така, откриле специфична варијанта на генот Оркни во помал број при генетско тестирање низ Велика Британија, па дури и во САД.

Претходните истражувања покажаа дека жените од одредени припадноси, како што се Евреите Ашкенази, исто така имаат високи стапки на специфична варијанта на генот BRCA.

Во Велика Британија, околу 1 од 1.000 луѓе ја имаат мутацијата BRCA1, поради што жените можат да бидат изложени на поголем ризик од рак на јајчници и на дојка.

Гените BRCA ги имаат сите луѓе, и мажи и жени, но кога ќе се случи грешка во еден ген, тоа може да доведе до оштетување на ДНК, како и до тоа клетките да станат канцерогени.
Луѓето со генетската варијанта имаат 50 отсто шанси да ја пренесат на своите деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот