Откриени хонорарите за пеење на свaдби на регионалните ѕвезди: Колку земаат Јелена Розга, Жељко Јоксимовиќ и Лепа Брена?

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Освен што ги полнат концертните сали, многу од регионалните пејачи заработуваат големи суми пари од пеење на свадби. Обичајот кој некогаш се сметаше за понижувачки, на ѕвездите како Јелена Розга, Халид Бешлиќ, Жељко Јоксимовиќ и Лепа Брена им носи речиси најголем приход денес.

Токму поради големата побарувачка за „свадбени пејачи“, цените на нивните настапи се речиси двојно зголемени во последните неколку години.

Сега е откриено колку пари земаат за настапи на свадби, а цифрата не е воопшто мала.

Хрватските пејачи Јелена Розга и Тони Цетински ги полнат сите сали низ регионот во кои настапуваат. И двајцата имаат повеќедецениска кариера и не им е непознато да пеат на приватни прослави, како што се свадби.

Јелена Розга и Тони Цетински заедно чинат повеќе од 15.000 евра, доколку сакате да се појават на вашата свадбена веселба. Како што пишува „Стори“, Јелена за пеење на свадбата зема 6.000 евра, додека Тони бара дури 10.000 евра.

Доколку сакате на свадбата да ви пее Жељко Јоксимовиќ ќе треба да издвоите буџет од 10.000 евра, а најскапо ќе поминете ако ја ангажирате Лепа Брена, која „свадбарскиот“ настап го наплатува по 30.000 евра.

1. Халид Бешлиќ – 8 -10 илјади евра

2. Жељко Јоксимовиќ – 10 илјади евра

3. Јелена Розга – 6 илјади евра

4. Маја Шупут – 8 илјади евра

5. Младен Грдовиќ – 5 илјади евра

6. Неда Украдена – 5 илјади евра

7. Тони Цетински – 10 илјади евра

8. Јошко Чагаљ Џоле – 8 илјади евра

9. Лепа Брена – 30 илјади евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот