Откриена мистеријата зошто Попај јаде спанаќ и зошто токму тој му ја дава силата!
Попај за прв пат се појавил во стрип во 1929 година, а бил креиран од страна на Елзи Сегар. Морнарот Попај е непоправлив праведник, безгранично заљубен во Олива, но нивната љубов ја расипува Блуто, насилник кој секогаш е победен од страна на Попај, пишува Стрип Блог.
Препорачано
Попај својата неверојатна сила ја добива од спанаќот кој го јаде од конзерва кој силно го стиска од конзервата. Откако ќе го изеде спанаќот, неговите мускули стануваат огромни и започнува да прикажува неверојатни способности.

Спанаќот не само што му дава на Попај надчовечка сила, туку и способност да биде одличен танчер и свири на клавир.
Цртаните филмови за Попај биле толку популарни што довеле до тоа продажбата на спанаќ да порасне за дури 33%. Едно време спанаќот бил трета најпопуларна храна за деца покрај пилешко и сладолед.
Марката на спанаќ Попај и денес е втората најпопуларна марка на спанаќ во Америка.
Но зошто Попај јаде токму таков спанаќ кој му дава сила и што е тоа во оваа храна што е толку посебно?
Одговорот е многу едноставен. Ликот на морнарот Попај настанал од истиот автор, но десетина години пред неговото појавување во стрип, во 1919 година тој бил употребуван за рекламите во фабриката за спанаќ.


