ОТКРИЕН ВИНОВНИКОТ за катастрофалното интервју на принцот Ендрју (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Сара Фергусон, поранешната сопруга е еден од главните виновници за катастрофалното телевизиско интервју на принцот Ендрју.

Принцот Ендрју на интервјуто беше нападнат од новинарката на Би-Би-Си поради неговата поврзаност со педофилот милијардер Џефри Епстајн. Тој и самиот е обвинет дека сексуално злоупотребувал малолетници.

Фото: WILL OLIVER / EPA

Јавноста бурно реагираше на интервјуто на принцот и на неговите изговори и виден недостиг на каење и жалење за жртвите на Епстајн, а сега е откриено дека неговата поранешна сопруга, позната како Ферги, го охрабрила и убедила принцот на храбриот чекор пред камерите.

„Таа чувствуваше дека Ендру треба да излезе од скандалот и дека треба да ја претстави својата вистина пред јавноста”, рекол извор на Дејли Меил.

Инсајдерите велат дека Ферги му била голема поддршка во текот на минатите неколку месеци и дека таа меѓу првите ја добила таа идеја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот