Откажани европските музички награди на „Ем-ти-ви“ поради состојбата во Израел и Газа

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Откажано е доделувањето на европските музички награди на „Ем-ти-ви“ кое беше предвидено да се одржи следниот месец во Париз, соопштија организаторите, наведувајќи ја „нестабилноста на светските настани“ поради тековната состојба во Израел и Газа, пренесува „Ројтерс“.

Церемонијата на доделувањето на наградите, која требаше да се емитува во живо и на која меѓу номинираните беа Тејлор Свифт, Оливија Родриго, Бед Бани и бендот „Фу Фајтерс“, требаше да се одржи на 5 ноември во Париз.

„Со оглед на нестабилноста на светските настани, решивме да не продолжиме со европските музички награди на „Ем-ти-ви“ за 2023 година, поради големата претпазливост за илјадниците вработени, членовите на екипажот, уметниците, обожавателите и партнерите кои патуваат од сите страни на светот во оживејте го шоуто“, се вели во соопштението.

„Наградите се годишна прослава на глобалната музика. Додека гледаме како продолжуваат да се одвиваат катастрофалните настани во Израел и Газа, ова не изгледа како момент за глобална прослава. Со веќе изгубени илјадници животи, тоа е момент на жалост. Со нетрпение очекуваме повторно да бидеме домаќини на наградите во ноември 2024 година“, продолжува соопштението.

Израел одговори на најсмртоносниот напад во својата 75-годишна историја со ветување дека ќе го уништи Хамас, ставајќи го целото населние од 2,3 милиони луѓе во Појасот Газа под целосна опсада и бомбардирање на енклавата во напади во кои загинаа илјадници, а повеќе од еден милион останаа без покрив над главата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот