Откако се струполи среде настап, Били Џоел ги откажа сите концерти: Дијагностицирано му е ретко мозочно нарушување
Американскиот музичар Били Џоел ги откажа сите настапи откако му беше дијагностицирано ретко мозочно нарушување. Станува збор за нарушување наречено хидроцефалус со нормален притисок.
Препорачано
Со оглед на дијагнозата, тој започнал специфична физикална терапија, а лекарите го советувале да не настапува за време на закрепнувањето.
„Оваа состојба беше влошена од неодамнешните концертни настапи, што доведе до проблеми со слухот, видот и рамнотежата. Навистина ми е жал што ја разочарав нашата публика и ви благодарам за разбирањето“, рече 76-годишниот музичар.
Патем, хидроцефалусот со нормален притисок е медицинска состојба што се јавува кога „премногу“ цереброспинална течност се акумулира во коморите на мозокот, што пак може да доведе до оштетување на мозокот.
„Тој не изгледаше добро“
Ретката болест обично ги погодува постарите возрасни лица, а нејзините симптоми наликуваат на оние на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.
Ве потсетуваме дека Џоел ненадејно се струполи на сцената неодамна за време на настап во казиното „Мохеган Сан“ во Стемфорд. Набргу потоа, тој ги одложи настапите до јули оваа година, но бидејќи сè уште закрепнува, ги одложи и другите концерти.
ВИДЕО | Легендарниот музичар Били Џоел се струполи среде настап: Го фрли микрофонот, па падна на грб


