Откако го родила, мајката го фрлила на тревник: Се расплетува монструозниот случај со убиство на бебе во Нови Сад

Утрово околу седум часот на влезот на булеварот „Цар Лазар“ во Нови Сад беше пронајдено мртво бебе.

Кривичната пријава ќе добие 39-годишната М.К. од Нови Сад поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело тешко убиство, објави Н1.

Како што е наведено во соопштението од српското Министерство за внатрешни работи, постојат сомнежи дека М.К. го фрлила новороденчето на тревникот синоќа, веднаш по породувањето, поради што тоа починало.

Осомничената е во Клиничкиот центар на Војводина, а по нејзиното излегување од болница, таа ќе биде задржана до 48 часа во полициска станица.

Утрово околу седум часот на влезот на булеварот „Цар Лазар“ во Нови Сад беше пронајдено мртво бебе. Итна помош излезе на терен и ја констатира смртта на машко новороденче.

Триесет и деветгодишната жена потоа беше донесена во Клиниката за гинекологија и акушерство во Нови Сад, од каде беше соопштено дека пациентката била свесна при приемот и имала редовни витални параметри.

 

Хорор во Нови Сад: Пронајдено мртво бебе сред улица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот