Голем пресврт: Отфрлени сите обвиненија против Алек Болдвин

алек болдвин
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Обвиненијата против холивудскиот актер Алек Болдвин поврзани со застрелувањето и смртта на директорката на фотографија Халина Хачинс на снимањето на неговиот вестерн „Rust“ во американската држава Њу Мексико, се отфрлени, соопштија неговите адвокати во четвртокот.

„Задоволни сме од одлуката да се отфрли случајот против Алек Болдвин и го поддржуваме отворањето на соодветна истрага за фактите и околностите на оваа трагична несреќа“, се наведува во заедничката изјава на адвокатите на Болдвин, Лук Никас и Алекс Спиро.

Портпаролите на окружната обвинителка на Њу Мексико, Мери Кармак-Алтвис, која го покрена случајот против Болдвин, одби да коментира.

Хачинс (42) беше застрелана и убиена на 21 октомври 2021 година во текот на сниањето на филмот на ранчот Бонанца Крик.

Болдвин ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза со реквизит пиштол, по грешка наполнет со вистински куршуми.

Несреќата предизвика шок во Холивуд и резултираше со јавен повик за целосна забрана за употреба на вистинско оружје на снимање.

Експертите од филмската индустрија тврдат дека строги безбедносни правила постоеле и порано, но дека тие често се игнорираат.

Алек Болдвин официјално обвинет за убиство на Халина Хачинс

ФОТО | Човекот кој на Болдвин му го даде пиштолот и порано имал слични инциденти – пиштолот „случајно“ пукал

Специјалната обвинителка се повлече од случајот за фаталното пукање на Болдвин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот