Алек Болдвин официјално обвинет за убиство на Халина Хачинс

Алек Болдвин и Халина Хачинс/ Фото: Profimedia

Актерот Алек Болдвин денеска официјално беше обвинет за убиство на кинематограферката Халина Хачинс на сетот на филмот „Рѓа“ во октомври 2021 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Indepe News (@newsindepe)


Болдвин е обвинет за убиство од небрежност, како што беше најавено на почетокот на месецов, пишува „Дејли мејл“, а обвинението го поднеле обвинителите во Ново Мексико, каде што се случило убиството.

Актерот е решен да се бори против обвинението и повеќе пати нагласи дека „никогаш не го повлекол чкрапалото“ и дека тоа било несреќен случај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JB Lamadrid (@newslink7com)


Според споменатите медиуми, доколку биде осуден, актерот би можел да добие казна затвор до пет години.


Потсетуваме дека во тек беше пробна сцена од филмот кога актерот пукаше од пиштол за кој се веруваше дека е реквизит, а во него нема вистински куршуми. Меѓутоа, се испоставило дека станува збор за вистински пиштол, а куршумот ја погодил и ја убил камерманката Халина Хачинс.

ФОТО | Човекот кој на Болдвин му го даде пиштолот и порано имал слични инциденти – пиштолот „случајно“ пукал

Нови детали, помошникот режисер призна во полиција: Не проверив дали во пиштолот на Болдвин има лажни куршуми

Алек Болдвин го обвини сопругот на убиената Халина Хачинс: Само сакаш пари!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот