Алек Болдвин го обвини сопругот на убиената Халина Хачинс: Само сакаш пари!

Aлек Болдвин
Алек Болдвин/Printscreen/Twitter

Американскиот актер Алек Болдвин се обидува да се заштити од други потенцијални тужби по трагичниот настан на снимањето на филмот „Rust“. Семејството на починатата снимателка Халина Хачинс поднесе тужба против продуцентите на филмот.

„Ова е еден од ретките случаи каде има пропусти во целиот систем, но и покрај тоа некој мора законски да одговара за последиците што настанаа. Знајте дека Алек Болдвин не е виновен“, пишувало во барањето за арбитража поднесено од адвокатот Лук Никас и актерот Болдвин, пренесуваат странските медиуми.

алек болдвин
Фото: Принтскрин / Јутјуб

Имено, 63-годишниот актер и неговиот адвокат бараат да биде обештетен во сегашните и идните судски спорови, да се платат
сите судски трошоци, а добиените пари да бидат дадени на семејството на починатата снимателка.

„Алек Болдвин е актер. Тој не е задолжен за полнење на пиштолот, проверка, набавка и изработка на куршуми, за сигурност или управување со реквизитите на сетот. Значи со сигурност можеме да кажеме дека некој е одговорен за тоа и ќе мора да биде казнет законски, но дека тој некој не е Болдвин“, пишува во договорот.

алек болдвин халина хачинс
Фото: Profimedia

Да потсетиме, по бројните истраги голем дел од филмската екипа на сетот „Rust“, како ​​Болдвин, продуцентите и дел од снимателите заработија тужби. Имено, актерот изјавил дека овие тужби имале за цел само „да се извлечат пари од џебовите на оние кои имаат“, а не да се најде одговорниот за овој ужасен и трагичен настан.

„Болдвин никогаш не бил вклучен во ниту еден случај на прекршување на безбедносните протоколи на снимањето. Тој само ги следел упатствата и тогаш се случила страшната трагедија“, пишувало во барањето.

Исто така, сопругот на покојната снимателка Мет Хачинс изјави дека апсурдот е токму во тоа што тој што пукал не е виновен.

„Бев толку лут што го видов како зборува за нејзината смрт толку јавно и толку детално, а не прифаќа никаква одговорност, откако само што опиша дека ја убил“, рече тој во едно од неговите интервјуа.

Алек Болдвин
Алек Болдвин по инцидентот / Фото: Твитер, Пирс Морган

По тоа обвинување Болдвин реагираше дека Хачинс сака да добие пари од овој трагичен случај.

„Пред тоа интервју комуникацијата со споменатиот беше исклучиво љубезна, пријателска и топла. Се поддржувавме“, изјави Болдвин.

За тоа сведочи моментот кога фотографите ги „фатија“ Болдвин и Хачинс прегрнати пред приватната комеморација во чест на починатата. Но, очигледно работите нагло се промениле. Хачинс и Болдвин разговарале за спогодба, но не постигнале договор.

 

Нови детали од истрагата: Дали Алек Болдвин го повлекол чкрапалото на пиштолот со кој ја усмрти Халина Хачинс?

 

Пресврт: Сопругот на убиената Халина Хачинс поднесе тужба против Алек Болдвин

 

Алек Болдвин со порака пред Божиќ и благодарност за поддршката: Не поминува ниту еден ден, а да не размислувам за тоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот