Алек Болдвин со порака пред Божиќ и благодарност за поддршката: Не поминува ниту еден ден, а да не размислувам за тоа
Алек Болдвин објави видео на својот инстраграм-профил, со кое испраќа директна порака, благодарност и добри желби за Божиќ, обраќајќи се пред сѐ на сите оние кои му пратиле поддршка или добра порака во текот на овие тешки времиња.
63-годишната ѕвезда сподели видео порака на својот профил во пресрет Божиќ, а по несреќниот настан со пукањето во „Rust“, во кое почина кинематограферката Халина Хачинс и контроверзното ТВ интервју во кое единствено прозборе за случајот.
„Среќен Божиќ…“, напиша тој под видео-објавата.
View this post on Instagram
„Сакав да издвојам момент да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми испратија толку убави зборови и најдобри желби, сила и надеж и молитви, мисли и многу охрабрување и многу навистина, навистина големи чувства од толку многу луѓе. Добив стотици, стотици мејлови од пријателите, семејството и колегите и луѓе со кои не сум се слушнал долго време, за да ми испратат сила и добри желби и така натаму. Навистина сум им благодарен“, објави тој.
View this post on Instagram
„За сите кои се вклучени во ова, никогаш нема да биде зад нас затоа што некој умре толку трагично. Тоа никогаш не го губам од вид. Не поминува ниту еден ден, а да не размислувам за тоа“
View this post on Instagram
„Јас сум дома со моето семејство, единственото нешто што ми е важно. Вистина е, единственото нешто за што се грижам се мојата сопруга и моите деца и само сакам да напредувам во мојот живот, да се обидам да поминам низ тежок период, навистина тежок период… Се чувствувам многу непријатно кога поминувам низ ова. Беше многу тешко. Сакам да кажам среќни празници, среќни Ханука и Божиќ и среќна Кванза. Без оглед на празникот што го славите“, продолжи тој.
View this post on Instagram
За крај на обраќањето Болдвин успеа да се пошегува на маката произлезена и од пандемијата со која се соочуваат сите овој Божиќ, пред да повтори колку е благодарен за позитивната подршка.
„Бидете безбедни, носете маска, примете бустер доза… не дозволувајте Дедо Мраз да се спушти низ оџакот без маска“, се пошегува тој.
Тој неодамна ги демантираше извештаите за употребата на пиштолот на сетот на „Rust“ и ги објасни деталите за непријатното случување на кои самиот се сеќава.
View this post on Instagram