Нови детали од истрагата: Дали Алек Болдвин го повлекол чкрапалото на пиштолот со кој ја усмрти Халина Хачинс?

Алек Болдвин
Алек Болдвин по инцидентот / Фото: Твитер, Пирс Морган

Актерот Алек Болдвин можеби го испукал куршумот што ја усмрти снимателката на филмот „Rust“, Халина Хачинс без да го повлече чкрапалото на пиштолот, тврди обвинителката во случајот, Мери Кармак-Алтвајс.

Обвинителката, во изјава за „Vanity Fair“, вели дека го проследила разговорот на Болдвин за „ABC“, кое беше емитувано во декември минатата година, и дека тоа што ѝ го привлекло вниманието е тврдењето на актерот дека тој не го повлекол чкрапалото на пиштолот, пренесе „New York Post“.

„Може да го повлечете петлето на ударната игла назад без повлекување на чкрапалото, а всушност да не го заклучите. Значи, повлечете го до половина, не се заклучува, а потоа ако го пуштите, ударната игра може да удри во почетниот дел од металот“, објасни обвинителката.

Болдвин во интервјуто инсистираше дека никогаш не го повлекол чкрапалото.

„Никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би го повлекол чкрапалото кон никого, никогаш“, изјави актерот.

Кармак-Алтвајс покренала сопствена, неофицијална истрага за да го провери тврдењето на Болдвин дека само го повлекол петлето на пиштолот пред пиштолот да испука, исфрлајќи куршум што ја погоди Хачинс во градите и ја усмрти, а го рани и режисерот на филмот Џоел Соуса, кој беше погоден во клучната коска.

„Не знаев многу за пиштолите, а особено не за револверите од 1850 година. Кога првпат слушнав за ситуацијата, си помислив: ‘О, тоа е лудо’“, вели Кармак-Алтвајс.

Обвинителката побарала еден од нејзините истражители да го донесе својот старински револвер во нејзината канцеларија, со цел да провери дали механичка неисправност може да предизвика испукување куршум. Ја исчистиле собата, а таа им дала на двајцата истражители да го прегледаат пиштолот за да потврдат дека не е наполнет.

Нејзиниот тест покажал дека петлето на пиштолот може да предизвика испалување куршум, но сѐ уште се чекаат службените резултати од анализата на оружјето од страна на Федералното истражно биро.

Иако Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото, во тужбата против него, која ја поднесе надзорникот на сценариото на филмот „Rust“ во ноември минатата година, се наведува дека актерот „намерно“ пукал кон снимателката Хачинс.

Минатата недела, адвокатите на семејството на починатата снимателка поднесоа тужба против актерот.

Нови детали, помошникот режисер призна во полиција: Не проверив дали во пиштолот на Болдвин има лажни куршуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот