Нови детали, помошникот режисер призна во полиција: Не проверив дали во пиштолот на Болдвин има лажни куршуми

Алек Болдвин и Халина Хачинс/ Фото: Profimedia

Помошникот на режисерот на филмот „Рѓа“ (Rust), ​​Дејв Халс ѝ рекол на полицијата дека не проверил дали сите куршуми од пиштолот на Болдвин се лажни, пред да му го предаде на актерот.

Актерот Алек Болдвин го рани режисерот Џоел Соуза и ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс на снимањето на „Рѓа“, а сега излегоа нови детали во врска со истрагата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meme Tzar US (@meme_tsar_us)

Имено, помошникот режисер Дејв Халс во Судот за прекршоци во Санта Фе под заклетва изјавил дека пред пробата на задолжената за оружје во филмот „Рѓа“, Хана, му покажала пиштол којшто подоцна го користел Болдвин и дека во него видел три куршуми, пишува „Њујорк пост“.

„Проверувам дали цевката има препреки, најчесто во неа нема муниција во неа“, им рекол Халс на истражителите во Санта Фе, според новата изјава под заклетва.

Халс ѝ ја опишал на полицијата процедурата за безбедноста на оружјето на снимањето, велејќи дека Хана Гутиерез-Рид, задолжената за оружје на снимката, „го отвора отворот и го врти барабанот, а јас ѝ велам „ладен пиштол“ на снимката“.

По смртоносното пукање, Халс рекол дека ѝ го однел пиштолот на Гутиерез-Рид, која потоа го отворила. Холс на полицијата ѝ рекол дека видел само четири „лажни“ куршуми – од кои сите имале карактеристична дупка на страната – и еден без дупка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jen Woltemade (@jawoltemade)


Халс, исто така, открил дека не проверил дали сите куршуми во цевката на пиштолот што се користеле при пукањето на сетот биле лажни куршуми. Помошникот режисеер на полицијата ѝ рекол дека инцидентот „не бил намерно дело“, пренесува „Инсајдер“.

Според судските документи, Халс знаел дека требало да ги провери сите куршуми, но не го направил тоа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот