Освоен и Волфсбург, „милионерите“ се борат за титулата (ВИДЕО)

фото: твитер

Екипата на Борусија Дортмунд триумфираше на гостувањето кај Волфсбург со 0:2 благодарение на головите на Гереиро и Хакими.

Викендов продолжија натпреварите во најсилното германско првенство, во рамките од 27 коло нова победа за Борусија Дортмунд која останува во сериозна трка за шампионската титула.

„Милионерите“ триумфираа на гостувањето кај Волфсбург со 0:2 благодарение на головите на Гереиро и Хакими. Проблемите за домаќините се зголемија уште повеќе со црвениот картон на Клаус во 82 минута од средбата.

Геце ќе се раздели со Борусија Дортмунд

Играчите на Фавр повторно заостануваат само еден бод зад водечкиот Баерн кој својот меч ќе го има денеска од 18.30 часот дома против Ајнтрахт Франкфурт.

На останатите три средби: Фрајбург-Вердер Бремен 0:1, Падерборн-Хофенхајм 1:1 и Борусија Менхенгладбах-Баер Леверкузен 1:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот