Геце ќе се раздели со Борусија Дортмунд

twitter.com/Sportbuzzer

– Тоа беше взаемна и почитувана одлука. Марио е одличен човек – се зборовите на Цорк.

Како што потврди спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, ова лето екипата ќе се раздели со Марио Геце кога ќе истече договорот.

Тоа беше взаемна и почитувана одлука. Марио е одличен човек – се зборовите на Цорк.

На 3 јуни овој играч за врска во нападот ќе наполни 28 години, во дресот на „милионерите“ запиша 74 натпревари и 13 голови.

Пред да се врати во неговиот прв професионален клуб, ги бранеше уште боите на Баерн Минхен. Со Борусија (Д) успеа по двапати да ги освои Бундеслигата и националниот куп, а еднаш и Суперкупот минатата година.

Исто така бројни повреди го одбележаа досегашниот дел од кариерата, а оваа сезона постигна три голови во 14 бундеслигашки мечеви.

Според „Еуроспорт“, во изминатите неколку месеци интерес за услугите на Геце покажаа Ливерпул, Херта Берлин и Лос Анџелес Галакси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот