Освен куферите, Финер ќе ги мери и патниците?

Финер сега ќе ја евидентира тежината на своите патници како дел од своите „пресметки за рамнотежа на авионите, објави То Вима. Авиокомпанијата бара од патниците да се измерат со рачниот багаж на портата на поаѓање за да може авиокомпанијата да ја евидентира просечната тежина како што бара управата за цивилно воздухопловство.

„Ние ги користиме податоците за мерење за просечните пресметки потребни за безбедно спроведување летови, а собраните податоци на никаков начин не се поврзани со личните податоци на клиентот“, рече Сату Мунука, шеф на копнените процедури на Финер. Од средата, 600 патници доброволно се пријавиле да се измерат, објави Гардијан, цитирајќи го портпаролот на Финер.

Луѓето кои се согласиле да бидат измерени биле обештетени со бесплатен багаж. Од учесниците не се бара нивното име или бројот на резервацијата. Податоците ќе се собираат во февруари, април и мај за различни летови кои поаѓаат од аеродромот Финар во Хелсинки, соопшти авиокомпанијата. Финер користи сопствени мерења на тежината на патниците и властите бараат податоците да се ажурираат на секои пет години. Последната рунда податоци е прибрана помеѓу 2017 и 2018 година, се вели во соопштението. Е Њу Зеланд, Коријан Ер и Хаваиан Ерлајнс, минатата година упатија слични барања до патниците за подобро да ја разберат просечната тежина од безбедносни причини. Узбекистанските авиокомпании почнаа да ги мерат патниците од истата причина во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот