Осум големи проблеми со кои се соочува фудбалот

Се очекува понудите за трансфери на играчите ова лето бидат пониски, и тешко дека ќе видиме суми над 100 милиони евра оваа сезона.

Како една од поголемите последици од пандемијата на коронавирусот, европскиот фудбал се наоѓа пред големи финансиски проблеми. „Црвениот аларм“ е вклучен, и никој не знае како сето ова ќе заврши.

Шпанската „Марка“ наведе осум големи проблеми со кои клубовите моментно се соочуваат.

– КОГА ЌЕ ЗАВРШАТ ЗАПОЧНАТИТЕ ПРВЕНСТВА?

Постојат три реални опции. Првата е дека преостанатите натпревари ќе се одиграат кога ќе има идеални услови. Втората е мечевите да бидат одиграни без публика, а третата е сите досега одиграни натпревари бидат поништени. Поголем број на клубови посакуваат оваа сезона да заврши што побрзо, бидејќи во спротивно ќе се соочат со големи финансиски проблеми.

– РИЗИК ОД КОЛАПС

Доколку клубовите не ги добијат своите однапред проектирани пари од телевизиските права, нивната иднина може да биде доведена во прашање, бидејќи многу екипи нема да можат да ги подмират трошковите во периодот од март до јуни. Некои клубови би можеле да банкротираат, па можно е да се очекува и нешто пофлексибилна политика на финансискиот фер-плеј.

фото: твитер

– ТОПКАТА Е ВО ДВОРОТ НА ИГРАЧИТЕ

Клубовите веројатно ќе мора да бараат од своите играчи да пристапат на намалување на платите. Поднесени се доста барања да им се намалат платите за 10 или 20 проценти, а откажување на сезоната би можело да доведе до нови разговори околу договорот и исплата на помала сума на пари.

– ДОГОВОРИТЕ КОИ ЗАВРШУВААТ НА 30 ЈУНИ

Позајмиците и договорите кои завршуваат во јуни очигледно ќе мора да бидат продолжени доколку сезоната заврши во јули. Фудбалските челници говорат дека нема смисла да се прекинат договорите во јуни доколку сезоната трае и подолго од тој датум.

– ПОМАЛА ЗАРАБОТКА ОД ТРАНСФЕРИ

Се очекува понудите за трансфери на играчите ова лето бидат пониски, и тешко дека ќе видиме суми над 100 милиони евра оваа сезона. Помалку богатите клубови можеби ќе бидат принудени своите најдобри фудбалери ги продадат по ниски цени од посакуваните.

EPA/ADAM CIERESZKO

– ПОКРАТОК ПРЕОДЕН РОК

Доколку лигите завршат во јули годинава, клубовите ќе се соочат со најкраток летен преоден рок во историјата, а вообичаено летниот е многу „поинтересен“ од зимскиот. Помалку време ќе доведе и до помал број на трансфери – особено имајќи во предвид дека сезоната 2020/21 ќе мора да стартува многу порано, поради Европското првенство кое треба да се одржи во 2021 година.

– ПОЗАЈМИЦА СО ОПЦИЈА ЗА ОТКУП

Ова е нешто што во последно време стана многу актуелно и веројатно за кое уште повеќе ќе се зборува во наредниот период. Клубовите кои имаат право да ги откупат играчите (кои се позајмени) до 30 јуни, може да се најдат во проблеми оваа година.

– „БУМ“ ВО 2021 ГОДИНА

Доколку работите се вратат во нормала порано отколку подоцна, тогаш платите може повторно да пораснат, а изгубеното време ќе треба да се надокнади во следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот