Оскар Пјастри победник во трката за Големата награда на Белгија
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри победи во трката од Формула 1 за Големата награда на Белгија и го зголеми водството во генералниот пласман.
Препорачано
Трката започна зад безбедносното возило со речиси час и половина задоцнување поради обилните врнежи од дожд и големата количина вода на патеката Спа Франкоршан.
Откако безбедносното возило ја напушти патеката, Пјастри го нападна својот соиграч Ландо Норис кој беше на пол-позицијата, го освои првото место кое не го испушти до крајот и ја оствари осмата победа во кариерата. Второто место го освои Ландо Норис, а трет беше Шарл Леклер од Ферари.
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, го освои четвртото место, петти беше Џорџ Расел од Мерцедес, а шести беше Александар Албон од Вилијамс.
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Ферари го освои седмото место иако стартуваше од 18 позиција, а осми беше Лиам Лосон од Рејсинг Булс. Габриел Бортолето од Заубер беше деветти, а Пјер Гасли од Алпин го освои 10 место.
Пјастри сега има 16 бода повеќе од Норис на првото место во шампионатот. Ф1 шампионатот продолжува следниот викенд на Хунгароринг, со трката за Големата награда на Унгарија.


