Осасуна може да игра во Европа: Судот за спортска арбитража ја укина одлуката на УЕФА

фото: EPA-EFE/Jesus Diges

Шпанскиот фудбалски клуб Осасуна оваа сезона сепак ќе се натпреварува во квалификациите за Конференциската лига, пренесува „Ројтерс“.

Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја прифати жалбата на Шпанците и ја укина одлуката на УЕФА за исфрлање на клубот од натпреварувањето.

Осасуна, која минатата сезона во „Ла Лига“ беше седмопласирана, на тој начин ќе се најде во жрепката за плеј-офот за Конференциската лига на 7 август, а не Атлетик Билбао.

УЕФА не се помири баш со оваа одлука, но нема да може да влијае на тоа Осасуна да игра во Европа.

Тие покренаа постапка против Осасуна „поради жалбата до ЦАС“. Парична казна најверојатно се очекува да следи, но Осасуна најави дека нема да се жали на истата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот