Осасуна по 16 години се избори за европски натпревари, па УЕФА ја исфрли

Фото: EPA-EFE/Jesus Diges

Европската куќа на фудбалот ја исфрли Осасуна од Европа, објави шпанскиот клуб на своите официјални страници.

Осасуна е исфрлена од Европа бидејќи нивната поранешна управа е осудена за местење натпревари во шпанското првенство во 2014 година. Врховниот суд во јануари 2023 година ја потври пресудата за управата која го водеше клубот од 2012 до 2014 година за корупсија и лажирање документи.

„Инспекторите на УЕФА сметаат дека пресудата на Врховниот суд со која се осудени неколку поранешни директори е доволна причина за исклучување на Осасуна од европските натпреварувања и тоа по девет години“, објави Осасуна.

Од клубот најавуваат и испраќање на жалба.

„Спремни сме на најлошото, но продолжуваме да живееме со мотото кој нас не следеше во реконструкцијата на клубот во последните девет години. Осасуна никогаш не се предава. Ќе ги браниме своите права и правата на нашите навивачи со иста сила со која тие нас не бодрат секој викенд“, соопштија од клубот.

За Осасуна ова беше прв пласман во европски натпреварувања по 16 години, а нивното место би требало да припадне на Атлетик Билбао кој заврши на осмата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот