Организација на работодавачи: Не можеме да ги пуштиме сите родители со мали деца на платен одмор!

Фото Архива на СП

Во трудоинтензивните гранки, како што е текстилната индустрија, каде што проценуваме дека околу 30 отсто од вработените се мајки со деца до 10 години, не можеме сите да ги пуштиме на платен одмор, затоа што тоа ќе значи ставање на клуч на врата.

Ова за „Слободен печат“ го изјави Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.

– Станува збор за фабрики со поврзан систем на работа. Така, ако еден не е на работа, не може да работи ни другиот што е на работа. Ако ние доволиме 30 отсто од вработените да не ни одат на работа, подобро да ја затвориме фабриката. Ако некој навистина не може да се организира со детето може да му излеземе во пресрет. Но, не на сите – дециден е Димитров.

Тој вели дека ова е препорака на владата за приватниот сектор и не може насекаде да функционира.

– Секако, во некои фирми ова може лесно да се организира. Некаде нема толкав број на мајки со деца, некаде може да се организира и работа од дома, но некаде препораката е неприменлива – вели Димитров.

Димитров вели дека засега Владата не ги информирала како конкретно би се вршеле обесштетувањата за загубите во стопанството поради коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот