
Орце Ѓорѓиевски го стартувал Визер скопскиот маратон како претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода?!
Министерството за спорт ни даде, според нас, чуден одговор зошто токму градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје означи старт на Визер скопскиот маратон
Дебати и коментари предизвика почетокот на Визер скопскиот маратон, чијшто старт го означи Орце Ѓорѓиевски, кој меѓу другото е и кандидат за градоначалник на Скопје. Тој стартот го означи заедно со министерот за спорт Борко Ристовски.
Препорачано
Орце Ѓорѓиевски нема директна поврзаност со организацијата на маратонот, па логично е прашањето зошто токму тој дПрегледај ги промените (се отвара во ново јазиче)а го стартува овој настан?
Или барем нема поголема поврзаност со маратонот од градоначалниците на другите општини низ кои води патеката, како ни од градоначалничката на Скопје.
Еве што ни одговорија од Министерството за спорт, кога поставивме прашање зошто и во кое својство Ѓорѓиевски бил поканет од Ристовски да го означи стартот на маратонот?
– Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, беше лично поканет од министерот за спорт Борко Ристовски заедно да го означат стартот на Визер скопскиот маратон 2025, како настан што се одржува под генерално покровителство на Министерството за спорт. Ве потсетуваме дека Орце Ѓорѓиевски е актуелен претседател на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Општина Кисела Вода на чие подрачје традиционално се одвива дел од трасата на маратонската трка. Воедно, ве потсетуваме и дека Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот Борко Ристовски го означи стартот и на минатогодишното издание на Визер скопскиот маратон – ни одговорија од Министерството за спорт.
Ако министерот за спорт Ристовски лично го поканил Ѓорѓиевски да го означи стартот затоа што низ неговата општина се трча дел од маратонот, зошто тој да добие предност да го стори тоа пред градоначалниците и на другите скопски општини низ кои исто така води патеката на маратонот. А зошто не ја поканил и градоначалничката Арсовска? Тоа би било фер и логично, нели? Вака…
Тоа што Ѓорѓиевски е претседател на ЗЕЛС, а го стартувал маратонот и минатата сезона, па ни тоа не е некоја причина. Всушност, токму затоа годинава шанса да означи старт требало да добие некој друг.
Или можеби и ова е случај кога спортот се користи за политичка промоција како и многупати досега во земјава. А избори се ближат…
ГАЛЕРИЈА | Скопскиот асфалт преплавен од 14.000 љубители на трчањето