Орбан: Критиките кон Унгарија „смрдат“ на морална надмоќ од колонијализмот

Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека критиките кон неговата земја упатени од Холандија во врска со новиот закон за правата на припадниците на ЛГБТ заедницата, „смрдат на морална надмоќ вкоренета во колонијалното минато”.

– Ова е колонијален пристап. Тие едноставно не размислуваат за тоа што можат, а што не можат да кажат за друга нација и законите на друга земја, истакна Орбан.

Лидерите на ЕУ минатата недела го критикуваа Орбан поради новиот закон со кој се забранува унгарските училишта да користат материјали за кои се верува дека ја промовираат хомосексуалноста, а холандскиот премиер Марк Руте му порача да ги почитува правата на ЛГБТ или да ја напушти ЕУ.

Владата на Орбан наведува дека законот, кој ќе стапи во сила следната недела, не е насочен против хомосексуалците, туку има за цел да ги заштити децата, чии родители, како што велат, треба да играат голема улога во нивното сексуално образование.

ЕУ побара од Орбан да го повлече законот, додека 17 од вкупно 27 лидери на земјите членки на ЕУ потпишаа писмо во кое ја потврдија нивната заложба за заштита на правата на хомосексуалците.

Руте: Кон Орбан беа упатени најжестоките критики што сум ги видел на самитите на ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот