Нафта / Фото: EPA-EFE/Henry Chirinos

ОПЕК плус ќе го паузира производството на нафта на почетокот на 2026-та година

Членките на ОПЕК плус денеска објавија дека ќе го зголемат производството на нафта за 137.000 барели дневно во декември, додека понатамошните зголемувања ќе бидат паузирани во првиот квартал од 2026 година поради загриженоста за прекумерна понуда на пазарот.

Како што објави Ројтерс, ОПЕК Плус ги зголеми своите производствени цели за околу 2,9 милиони барели дневно од април, што е околу 2,7 проценти од глобалната понуда, но го забави темпото од октомври поради прогнозите за можна прекумерна понуда.

Во соопштението се наведува дека на месечниот состанок на земјите-членки Саудиска Арабија, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Кувајт, Оман, Казахстан и Алжир, тие се согласиле да го одржат истото ниво на зголемување како во октомври и ноември, и да го паузираат растот на производството во јануари, февруари и март следната година, објавува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот