ОН: Запирање на испораките преку Црното Море поради повлекувањето на Русија од договорот

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Обединетите нации за утре најавија запирање на испораките преку Црното Море поради повлекувањето на Русија од договорот со кој се овозможуваше бродовите да се движат до и од украинските пристаништа заради суштинскиот извоз на жито, јави ДПА.

Украинската, турската и делегацијата на Обединетите нации се согласија да не планираат никакво движење на бродови во зелената иницијатива на Црното Море за утре (среда), изјави денеска во Њујорк портпаролот на ОН, Фархан Хак.

ОН нагласија дека инспекциите извршени откако Русија го суспендираше своето учество во договорот викендов беа „привремена и вонредна мерка” во обид за продолжување на испораките на жито и други суштински и покрај потегот на Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот