ОМО Илинден Пирин реагира: За 10 дена Бугарија дискриминираше 4 различни народи, три земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и Бугарија

Фото: Принтскрин, Фејсбук

Здружението на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин сумирајќи ги последните настани во Македонија, и Грција кои ги испровоцираа бугарски државјани како и изјавата на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ кој побара реципроцитет во српско-бугарските односи при признавањето на бугарското малцинство во Србија односно српското во Бугарија, ги повика македонските политичари, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски, опозициските лидери Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев како и министрите Османи и Маричиќ да реагираат.

-Вести за „добрососедската” земја Бугарија и како таа гради добрососедски односи со Балканските држави: 27 јули 2023 – со Албанците и Македонците во Македонија – уште нетргнати се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски граѓанин, за потоа инцидентите да ги префрлат на стадион во судир со македонската полиција, која уапси 19 бугарски навивачи. За извиците од трибините како им посакуваат смрт на Албанците, дека Македонија е бугарска земја и слична реторика, да не ни споменуваме. На 2 август 2023 – со Македонија во присуство на највисокото претставништво на државата, јавно на ТВ повторно и после 150-тина години со тешка дискриминаторна реторика, јавно искажани територијални претензии и нималку добрососедски став го обележаа Илинден, како празник на бугарското востание, па и манипулирајќи го името со нивната измислица за некакво си Илинденско-Преображенско Востание и претставувајќи го како востание на Бугари. 3 август 2023 – со Србија: нивната политика на дискриминација ја свртеа кон Србија, на која исто така и го дискриминираат српското малцинство во Бугарија и го декларираат како непостоечко. На тоа веднаш добија одговор од Ивица Дачиќ дека и бугарското малцинство кое изнесува само 0,29% во Србија нема да биде признаено, пишува на Фејсбук ОМО Илинден Пирин.

Тие го додаваат и настанот од 5 август кога ги повредија чувствата на Грците кога во Кавала беше симнато грчкото знаме и поставено бугарско.

-Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат. Па така пред неколку дена во градот Кавала, 35-годишен бугарин го одстранил грчкото знаме од јарбол и поставил бугарско извикувајќи “Тоа е Бугарија!” Полицијата соопштила дека сторителот и е познат и од претходни прекршоци и истиот бил однесен на распит во Драма, нагласува ОМО Илинден Пирин.

Македонската организација која со години се бори за признавање на македонското малцинство во Бугарија заклучува: за само 10 дена, (Бугарите) успеаја да деградираат и дискриминираат 4 различни народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот