Фото: Pixabay

Омилена на празничната трпеза: Крем-салата со компири

Домаќинките веќе почнуваат со подготвување на менито за празничната трпеза. Едно од омилените јадења за време на празничните денови се разновидните крем-салати. Една од најпопуларните е празничната крем-салата, која е многу богата, калорична, но и многу вкусна. Сепак, за празничните денови секој сака малку да се опушти и да ужива во добра храна со најсаканите.

Состојки:

– 8 големи компири
– 4 јајца
– 1 лажица сенф
– 300 мл мајонез
– 2 лажички сол
– 250 г сечкан целер
– 250 г сечкани маслинки

Начин на подготовка:

Измијте ги и излупете ги компирите. Потоа исечкајте ги на коцки и сварете ги. Сварете ги јајцата, а потоа исечкајте ги. Во еден сад измешајте ги сенфот, мајонезот и солта. Потоа додајте ги во сварените компири заедно со целерот, маслинките и јајцата. Оставете да се излади во фрижидер, а потоа сервирајте.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот