Охриѓанец се обидел да поткупи полицајци, доби кривична пријава

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против шеесетгодишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп”.

„При сообраќајна контрола извршена на улицата „Магистрален пат” во Кичево, полициските службеници сопреле товарно возило „Мерцедес” со охридски регистарски ознаки, што пријавениот го управувал. Притоа, тој на полициските службеници, во сообраќајните документи им оставил пари со цел да не преземаат службени мерки против него“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот