Официјално закажани првите мечеви, повторно Премиер лига од 17 јуни!

фото: твитер

Само доколку сите барања за заштита на здравјето на клубовите се исполнети, ќе се врати најдобриот фудбал во Англија…

И дефинитивно е најавено продолжување на возбудувањата во најсилната англиска фудбалска лига, и на теренот се очекува наскоро да го дознаеме новиот шампион.

Одлучено е Премиер лигата да продолжи на 17 јуни, поради пандемијата на коронавирус пред празни стадиони, но само доколку сите барања за заштита на здравјето на клубовите се исполнети.

Воедно објавен е и распоредот на натпреварите за првите три кола од останатиот дел од сезоната 2019/20.

Па така, најавено е први на терените на 17 јуни (среда) да се појават играчите на Астон Вила и Шефилд јунајтед од 18.00 часот по локално време, а од 20.15 часот Манчестер сити-Арсенал.

Како што е веќе познато, Ливерпул е многу блиску до освојување на шампионската титула, тоа треба само да го потврди во наредните мечеви, а според распоредот „црвените“ следниот дуел ќе го имаат на гостински терен на 21 јуни (недела) против Евертон.

Во текот на вчерашниот ден исто така беше објавено дека ќе им биде дозволено на менаџерите да го применуваат правилото за пет замени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот