И во Премиер лигата донесено правилото за пет замени

фото: твитер

Поради пандемијата на коронавирус е донесено ова привремено правило со цел да се избегнат што повеќе повреди кај играчите после големата принудна пауза.

Ова правило кое веќе го применуваат и останатите национални шампионати, ќе го користат и клубовите во најсилното англиско првенство.

Наместо досегашните три, во Премиер лигата менаџерите ќе можат да направат пет замени во текот на натпреварите.

Поради пандемијата на коронавирус е донесено ова привремено правило со цел да се избегнат што повеќе повреди кај играчите после големата принудна пауза.

Покрај тоа, максималниот број на резервни играчи на клупата е зголемен од седум на девет.

Правилото за пет замени е планирано да се применува уште во италијанската Серија и шпанската „Ла Лига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот